За нас

Фирмата Анел Компјутери е формирана во 1989 година од страна на Диме Дракалски и Маринко Иванов како компанија која се занимава со давање на услуги од областа на информатичката технологија. Основна дејност уште од самиот почеток е изработка и развој на софтвер. Со текот на времето на барање на коминтентите дејноста се прошири со продажба и одржување на компјутерски системи, изработка и одржување на компјутерски мрежи.

Со зголемувањето на потребата на компјутерски системи во нашата земја во 2006 год. го отворивме продажниот салон Анел Компјутери e-shop на ул.Ванчо Прќе бр. 12/2 во кој може да најдете компјутери, лаптопи и компјутерска опрема од најпознатите светски брендови од областа на Информатичката Технологија.

Благодарение на  нашиот стручен тим и долгогодишното искуство во Информатичката  Технологија нудиме софтверски, хардверски и мрежни решенија за сите помали, средни и големи претпријатија како и сревисирање и поддршка за истите.

Анел Компјутери воедно нуди решенија за видео надзор, видеофонија, домофонија, алармни системи, противпожарни системи, ИП телефонија и се останато во оваа област.

Портфолијото на фирмата се дополни со инсталација на системи за видео надзор , при што имаме линценца за Техничко обезбедување издадена од комора за приватно техничко обезбедување(тројца вработени).

Исто така инсталираме системи за заштита од провала од познатите бреднови: PARADOX , HIKVISION , AJAX, AMC и системи за детекција и дојава на пожар. Во поново време на барање на нашите клиенти вонесовме во портфолијото и озвучување на индустриски и комерцијални објекти.

mk_MK
mk_MK